четврток, 12 ноември 2026
Најново

Талент: Меџити успеа да ја поврзе борбата на Арсовска против дивоградби со Ахмети

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Вицепремиерот Изет Меџити, коментирајќи ги последните постапки на градоначалничката на Градот Скопјe, Данела Арсовска и „ловот“ на дивоградби, рече дека очекувале таа да даде одговор за нереализацијата на проектите, но, како што вели, таа се обидува да игра улога на инспектор и контролор која според него ја нема во своите надлежности. За обвинувањата и изјавите на градоначалничката, Меџити се закани дека ќе следи кривична пријава против неа.

„Проблемот е што и претпоследниот план на Али Ахмети со Арбен Таравари не успеа, бидејќи Ахмети рече дека ќе излезе на улица и нема да се врати. Но, се чини дека луѓето од ДУИ им го отстапија патот на Данела Арсовска и Левица… Затоа ова е најновата стратегија на Ахмети да ја дестабилизира земјата, овој пат преку општините и, за жал во соработка со Левица и Арсовска“, изјави Меџити.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Арсовска откри дека во Чаир пронашла околу 150 дивоградби во Чаир, но и дека имала закани по нејзиниот и животот на нејзиното семејство од страна на градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу.

Поврзани вести