Талибаните негираат вмешаност во експлозиите во Бостон

Пакистанските талибани, кои ја презедоа одговорноста за нападот со автомобил бомба на Тајмс сквер во 2010 година, негираат поврзаност со експлозиите на маратонот во Бостон.

„Веруваме во напади на Соединетите Американски Држави (САД) и нивните сојузници, но во овие напади не сме вмешани“, изјави портпаролот на групата Техрик е талибан Пакистан (ТТП), Ехсанулах Ехсан, пренесе агенцијата АФП.„Со овие напади не сме поврзани, но ќе продолжиме со напади секаде каде што тоа ќе биде можно“, додаде Ехсан.На познатиот маратон во Бостон вчера загинаа најмалку три лица, вклучително и осумгодишно момче, а над 150 лица се повредени, во два бомбашки терористички напади, за кои никој не ја презеде одговорностаМерките за безбедност од синоќа се покачени во Њујорк, Вашингтон, Лос Анѓелес, Сан диего, Атланта и Лас Вегас.
Maкфакс
Пакистанските талибани, кои ја презедоа одговорноста за нападот со автомобил бомба на Тајмс ск

Пронајдете не на следниве мрежи: