Тамара настапи во најпознатиот геј клуб во Лондон

Поп-пејачката Тамара Тодевска настапи во најпознатиот геј -клуб во Лондон, Royal Vauxhall Tavern.  Таа успеа да го наполни клубот со фанови пред кои пееше речиси еден час. Забавата почна на полноќ, а Тамара ги отпеа своите најголеми хитови, како и евровизиската Proud. 
Клубот се смета за едно од најзначајните места за ЛГБТ-популацијата во историјата и има добиено голем број  признанија поради својата улога во подигањето на свеста и прифаќањето на оваа група на членови во општеството.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.