Таравари: Ако добиеме понуда за влегување во Влада, ќе ја разгледаме!

Доколку добиеме понуда за да влеземе во владината коалиција ќе ја разгледаме. Овој став го соопшти в.д претседателот на политичката партија Алијанса за Албанците, одговарајќи на новинарско прашање за можноста за влез на АА во извршната власт и под кои услови би прифатиле.

Кој му останува на Мицковски?
Таравари: Ако добиеме понуда за влегување во Влада, ќе ја разгледаме!

– Засега не сме разговарале за тоа, сега сме фокусирани на реорганизација на партијата. Претежно сме на терен и разговараме, ги слушаме активистите и симпатизерите. Не сме разговарале за условите за влез или излез. Не сме биле во Влада, па не сме ни размислувале. Но, ќе видиме, ќе испитаме дали ќе има таква понуда. Досега не сме добиле понуда, рече Таравари.

Таравари по барање на новинарите се осврна и на последните случувања во ДУИ, напоменувајќи дека не сака да коментира случувања во другите политички партии, но оцени дека е започнат распадот на ДУИ и оти тоа, како што рече, наскоро ќе се случи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.