Претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, преку статус на својата Фејсбук страница реагираше на излегувањето на Алијансата од Владата.Таравари пишува дека се чувствува горд на одлуката, објаснувајќи дека и покрај тоа што некои поединци се обидуваат да ја прикажат AА како поделена, тие во моментов се посилни од кога било.Целосен статус:„Драги пријатели, колеги, активисти, луѓе што ги познавам и не ги познавам директно:Горд сум на секој од вас што е дел од Алијансата за Албанците!Горд сум на сите вас што цврсто стоевте при нашето излегување од Владата!И на оние кои се обидуваат да нè прикажат како поделени, ви велам – вашата серија не е успешна!Гордо сме посилни од кога било!Не заборавајте:Ние сме победниците во октомври!“Потсетуваме дека реакцијата на Таравари дојде откако Азир Алиу од АА-Таравари изјави дека ќе остане во коалицијата ВЛЕНТ иако неговата партија одлучи да ја напушти владата.
Пронајдете не на следниве мрежи:



