Таравари на средба со Рама: Разговаравме и за прашања од значење за Албанците во регионот

Претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, денес се сретна со премиерот на Република Албанија и претседателот на Социјалистичката партија, Еди Рама.Како што соопшти кабинетот на Таравари, средбата се одржала во кабинетот на премиерот во Тирана, во пријателска и братска атмосфера.„Во оваа пригода, г-дин Таравари ги пренесе своите најтопли честитки во име на Алијансата за Албанците за изборната победа и повторната потврда на граѓанската поддршка за Социјалистичката партија и нејзината визија за Албанија“, соопшти кабинетот на Таравари.Тие исто така објавуваат дека за време на разговорот биле разгледани и прашања од значење за Албанците во регионот, како и потребата од зајакнување на меѓуалбанската соработка на сите нивоа – политичко, институционално и социјално.„Алијансата за Албанците високо ја цени улогата на Албанија како клучен фактор во поддршката на демократскиот развој и правата на Албанците во регионот и изразува подготвеност за понатамошно продлабочување на оваа соработка“, се наведува во соопштението. 

Пронајдете не на следниве мрежи: