Татер тотс – компир на поинаков начин

1 кг компири
1 лажица брашно
1 лажичка лук во прав
1/4 лажичка оригано
1/4 лажичка чили во прав
масло
сол и мелен црн пипер
Ставете ги компирите во студена вода, варете ги 7 минути, исцедете ги и оставете ги да се изладат. Изрендајте ги и свиткајте ги во кујнска крпа за да ја впие целата течност. Потоа ставете ги ренданите компири во длабок сад и додадете ги сите состојки освен маслото. Со рака замесете смеса, обликувајте цилиндрични форми и пржете ги 3-4 минути во поголема количина загреано масло. Наредете ги на хартија за да ја впие мрснотијата, и сервирајте ги со сирење, кечап, мајонез или по вкус.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.