Таткото и детето играле пред да избувне пожарот во Нотр Дам- турист моли да ги најде

Турист кој направил фотографија со татко и детенце кои се шетале пред катедралата Нотр Дам, момент пред да избувне пожарот, се огласи на социјалните медиуми и ги бара двајцата за да провери дали се добро.
Мажот бил фотографиран како си игра со ќеркичката само еден час пред да избувне страшниот пожар кој го потресе светот.


23-годишното момче кое го бара човекот од фотографијата напиша: Јас го напуштав Нотр Дам еден час пред пожарот. Ги фатив нив и сакав да го прашам дали ја сака фотографијата. Сега посакувам да го направев тоа. Ве молам да помогнете да се најде човекот, напишал тој.
Фотографијата била направена во 17 часот и 55 минути, а за еден час настанал големиот пожар.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.