„Тајмс“: Годините инвестиции направија од руската армија смртоносна сила

„Тајмс“ високо ја оценува борбената способност на руската војска.

Британскиот весник „Тајмс“ ја анализира современата состојба на руската војска.   

Главната теза на написот е дека Русија денес е повеќе борбено способна отколку во кој било период по распадот на СССР. Според процената на уредникот на прирачникот The Military Balance Џејмс Хакет, по конфликтот со Грузија во 2008 година, Русија инвестирала огромни средства во модернизација на своите вооружени сили, во целосна обнова на тенковскиот парк и тешките артилериски системи, како и во реорганизацијата на Воената морнарица.

Доктор Џон Чипман, генерален директор на Меѓународниот институт за стратешки истражувања (IISS), смета дека стравот предизвикан од зголемувањето на воениот потенцијал на Русија во последните години ги мотивирало европските земји да ги зголемат своите одбранбени буџети. Минатата година тие се зголемија за 4,8 отсто, што е најбрз пораст забележан во кој било регион во светот.

Меѓу другото, Велика Британија според овој показател ја надмина Индија на светската ранг-листа и ја зазеде третата позиција по САД и Кина.

Џон Чипман истакнува дека денешната руска армија кардинално се разликува од онаа која во 2008 година учествуваше во кратката војна против Грузија. Денес таа е составена претежно од професионални војници, а не од регрути, а нејзиното оружје, вклучувајќи го и нуклеарниот арсенал, е многу помодерно. Руските крстосувачки ракети можат да погодат цели на оддалеченост од над 2000 километри.

Покрај тоа, Русија има ефикасни мобилни системи за ПВО и модерно Воено воздухопловство.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.