Тајната на витката фигура на Дениз Ричардс (55): Еве што јаде и како тренира

Денис Ричардс се здоби со слава во 1990-тите како една од најпознатите пин-ап девојки, а три децении подоцна, таа продолжува да привлекува внимание со својата беспрекорна фигура. Актерката наполни 55 години оваа недела, но нејзиниот изглед продолжува да инспирира восхит. Поранешната манекенка на Плејбој и мајка на три деца се гордее со завидни стомачни мускули, а зад сето тоа стои специфична диета и режим на вежбање.

Иако со години е предмет на гласини за естетска хирургија, Дениз постојано нагласува дека таквите шпекулации се претерани.

„Единственото нешто на кое сум се оперирала се градите, и секогаш сум била целосно отворена и искрена за тоа“, рекла таа. „И мојот нос е ист, и луѓето можат да го проверат тоа, а и моите усни се исти“.

Безглутенска исхрана и помали оброци

Актерката одлучи да го елиминира глутенот од својата исхрана во 2019 година откако ѝ беше дијагностицирана зголемена тироидна жлезда. Таа за својата одлука проговори и на социјалните мрежи во тоа време.

„Неверојатно е колку многу ми се промени тироидната жлезда за кратко време откако го елиминирав глутенот. Немав поим колку исхраната може да влијае на телото и колку глутенот всушност е токсичен за мене. Ви благодарам на сите што ми дадовте таков совет“, рече таа.

Во последниве години, таа повторно воведе месо и риба во својата исхрана, но не се држи до класичниот распоред од три оброци дневно. Наместо тоа, таа претпочита повеќе помали оброци во текот на денот.

„Обично сакам да јадам она што би се сметало за ручек или вечера за појадок, но понекогаш имам типичен појадок, како омлет со моцарела, домат и босилек“, изјави таа за Women’s Health.

Таа исто така откри дека често грицка во текот на денот.

„Би рекла дека постојано грицкам. Сакам да подготвам чинија со свежо сечкан зеленчук како краставици, домати, моркови и целер со малку груба морска сол. Исто така, сакам урда, па јадам тоа и јаткасти плодови во текот на денот.“

И покрај ова, таа редовно подготвува вечера за своето семејство.

„Обожавам да готвам. Печам пилешко и компири со моркови. Исто така, ги сакам артичоките – ги готвам на пареа, ги печат и ги преливам со балсамико оцет“, рече таа.

Пилатес и танц за завидни стомачни мускули

Кога станува збор за вежбање, Дениз се потпира на пилатес, танц и планинарење. Клучот, вели таа, е доследноста.

„Мојата тајна за одржување на форма е доследноста. Кога редовно се држам до мојата рутина, се чувствувам најдобро. Исто така, мислам дека секој треба да вежба на начин што му одговара на неговото тело. Само затоа што нешто му одговара на некој друг, не значи дека ќе му одговара и вам“, изјави таа за HuffPost.

Таа, исто така, ја откри тајната на своите стомачни мускули за списанието „Селф“.

„Многу сум активна. Пронајдов што функционира за моето тело, а телото на секого е различно. За мене, тоа се пилатес и танцување. Стомачните мускули најдобро ги вежбам на пилатес реформатор – двапати се породив со царски рез и тоа е единственото нешто што ми помогна да го израмнам стомакот.“

Помош од модерната технологија

Покрај здравата исхрана и редовното вежбање, актерката признава дека користи неинвазивни третмани за обликување на телото. Таа е обожавател на уредот Emsculpt Neo, кој комбинира високоинтензивна фокусирана електромагнетна технологија (HIFEM) и радиофреквентна енергија (RF) за стимулирање на градење мускули и намалување на мастите.

Уредот се поставува на абдоменот и користи електромагнетни импулси за да предизвика силни мускулни контракции. За време на 30-минутен третман, може да се предизвикаат приближно 20.000 мускулни контракции, што е еквивалентно на изведување на најмалку 20.000 стомачни.
The post Тајната на витката фигура на Дениз Ричардс (55): Еве што јаде и како тренира appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: