Тајните за фантастичното тело на Џесика Алба

Прекрасната Џесика Алба (31), актерка и мајка на две девојчиња има извајано тело со префинето обликувани  мускули, иако таа признава дека не сака да вежба. Како? Која е нејзината тајна за совршен изглед? Во последното издание на “Womans Health” таа открива неколку тајни.
Џесика наместо да се загрижува затоа што не вежба, таа одлучила се да претвори во забава.
-Го сакам танцот, тоа ме исполнува. Одам на Хип-Хоп и вид на Пилатес кој ги ојачува стомачните мускули – изјавува Алба чијашто книга  “The honest life” наскоро ќе биде во продажба.
Понекогаш вози точак и трча.
-Сакам се што ми ги окупира мислите. Сакам брз ритам кој што те покренува и гласна музика. Против стресот се борам дружејќи се со својата четири годишна ќерка Хонор и едногодишното синче Хавен-искрена е.
Доколку не ви се оди во теретана, а  сакате да останете фит и во добро распложение следете го примерот на Џесика,  пуштете си гласно музиче и танцувајте.
Извор: blic.rsПрекрасната Џесика Алба (31), актерка и мајка на две девојчиња има извајано тело со префинето обликувани  мускули

Пронајдете не на следниве мрежи: