Таљатели со спанаќ и авокадо

Вкусни тестенини со спанаќ…

СОСТОЈКИ:
200 гр таљатели
1/2 шолја спанаќ
авокадо
2 чешниња лук
1 лажица маслиново масло
2 лажици сок од лимон
сол
бибер

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Тестенините згответе ги по упатството па исцедете.
Во тава загрејте маслиново масло и ставете иситнет лук спанаќ. Динстајте додека не видите дека е зготвено, а потоа изблендирајте. Додајте свежо авокадо, малку маслиново масло, сок од лимон, бибер и сол, па блендирајте додека не стане кремасто.
Измешајте го сосот со тестенини. Во смесата можете да додадете малку варен грашок, а по желба и една лута пиперка.
Добар апетит!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.