среда, 25 ноември 2026
Најново

Тања Савиќ заминува за Австралија: Следува средба со сопругот и голема борба

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Српската пејачка Тања Савиќ од април води битка за своите деца со сопругот Душан Јованчевиќ. Блиц пишува дека наскоро таа ќе се сретне со него, а судењето е закажана за 19 февруари.
Савиќ веќе започнала да се подготвува за патот и се надева дека наскоро ќе го заврши ова поглавје.
-Тања за сите детали разговараше со својот адвокат, за судењето е подготвена. Собра пари за патот во Австралија, сепак и финансискиот дел не е лесен. Нема настапи, короната трае. Желбата да ги врати синовите е поголема од секој проблем, открива извор за порталот.
-Голема борба ме чека, моите деца да не бидат утре како него, да не ги малтретираат своите жени и да не им го загорчуваат животот на луѓето околу себе, изјавила пејачката во една интервју.

Поврзани вести