четврток, 12 ноември 2026
Најново

Тања Савиќ за ПЕКОЛОТ кој го доживеала во бракот: „Психичкото насилство понекогаш може да биде полошо од физичкото“

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Пејачката преку својот пример се обидува да им ги отвори очите на многу жени
Пејачката Тања Савиќ го сподели своето лично искуство на тема манипулација од бракот со Душан Јованчевиќ, кога доживеала голема непријатност.
– Она што најпрво би го споменала на темата мажи и манипулации е дека ние жените стануваме зависни од нивната, така да речеме, љубов, а всушност тоа не е љубов, туку лажичка љубов, која тие, за жал, ни ја даваат. Што може да ве спаси од таквата врска? Не можете да го смените партнерот, како што јас не можев да го сменам мојот. Тие никогаш нема да се променат, тие се такви луѓе, едноставно тоа е нивниот карактер и нема промена – вели Савиќ.
Таа испрати важен совет до сите жени.
– Она што можете да го направите е да се спасите. Или ќе трпите, ќе се разболите и ќе добиете некоја ментална болест, а подоцна некој рак, далеку било, но така оди. Или ќе бегате без разлика на се. Па, јас го избрав второто, иако оваа ситуација до некаде ме спаси. Короната ми донесе нешто добро, можеби никогаш не би го почувствувала мојот манипулатор, појма немам. Не трпете ни психичко, ни физичко насилство, психичкото насилство понекогаш знае да биде полошо од физичкото – вели Тања во емисијата „Магазин Ин“.

Поврзани вести