Тања со близнаците пристигна дома – овие зборови во врска со таткото на децата речиси никој не ги очекуваше, особено мајките со иста судбина

Српската пејачка Тања Савиќ денеска околу 13 часот пристигна во Белград од Австралија со синовите Максим и Ѓорѓе.
Среќната пејачка со своите деца се појави на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ по 26 часа патување.
„Беше емотивно, имаше многу солзи. Пресреќна сум. Се надевам дека со својот пример ги инспирирав сите да бдиат добри, правдата победува“ – им истакна Тања Савиќ на новинарите кои ја пречекаа на аеродромот.
На прашањето дали синовите ѝ се лути зошто ја немало долго, таа кажа: „Таман работа, тие знаеја дека имам лет на 16 април, но поради некои проблеми не можев да заминам. Сега заминав“, додаде таа.
Пејачката откри и дека нема да му забрани на таткото на нејзините деца да ги гледа во иднина иако тие се разведуваат, по што многу мајки и жени и порачаа да не биде наивна и да не му прости.
Инаку нејзиниот сопруг Душан пред околу 15 месеци ги одвои децата од нивната мајка и ги однесе во Австралија без одобрување на пејачката, а по ова таа се бореше со месеци за да ги врати децата назад што на крајот и успеа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.