Теа Таировиќ каде и да се појави прави вистински бум, а многу често знае да направи и некој скандал.
Често настапува на Балканот и во странство, а се труди кариерата да ја подигне на повисоко ниво.
Неодамна како бомба пукна веста за апсењето на пејачката, што таа остро демантираше и рече дека фотографиите кои се појавија во јавноста не се реални односно дека се фотомонтажа.
Пејачката важи за ,кралицa” на бакшишот, а поради честите настапи фановите беа загрижени за неа, па се огласија на Твитер.
„Теа Таировиќ имаше над 250 настапи во 2022 година, не знам како работи уште таа жена“, гласеше еден од твитовите, а потоа следеа коментарите.
Пејачката проговори за обврските и откри дека не и’ е лесно.
– На големи подготовки сум, уморна сум. Подготвувам албум, концерт на Ташмајдан, а попатно работам. Се надевам дека сето тоа ќе се исплати на крајот. Секогаш кога сум под голем притисок, подобро сум организирана. Ќе има се побрзи и побавни песни, како и песни по кои сум препознатлива – изјави неодамна Теа.
Пронајдете не на следниве мрежи: