ТЕЖЕШЕ 83 КГ, ОСЛАБНА 20, СО САМО ЕДНА ПРОМЕНА ВО ИСХРАНАТА! Нина Бадриќ стана БОМБА – ова е нејзината ТАЈНА!

Нина Бадриќ ослабе дваесет килограми – од некогашните 83 падна на 63! Пејачката откри што оставила од менито и кој е нејзиниот трик совет.

Пејачката Нина Бадриќ ослабела дури дваесет килограми благодарение на исфрлувањето на месото од исхраната. Беше голем сладокусец кога се во прашање специјалитетите со месо, некогашните 83 килограми ги замени со идеални 63, а на намалена диета се одлучи по долга борба со вишокот килограми.

ТЕЖЕШЕ 83 КГ, ОСЛАБНА 20, СО САМО ЕДНА ПРОМЕНА ВО ИСХРАНАТА! Нина Бадриќ стана БОМБА – ова е нејзината ТАЈНА!

“Престанав да јадам месо и се случија големи промени во моето тело. Конечно сум среќна со мојата тежина, но и се чувствувам многу подобро. Претходно, кога јадев парче месо, требаше да дремнам два часа бидејќи бев уморна.

А сега сум здрава, слатка и весела. Дури и масерката ми кажа дека тонот на кожата ми е подобар. Навистина сум задоволна“, изјави Нина Бадриќ која важи за една од најубавите пејачки и откри дека на почетокот и било тешко, но сега веќе не може да разбере дека некогаш јадела производи од животинско потекло.

„Не ми беше лесно, бидејќи бев навикната да јадам месо и месни производи. Но, кога после само неколку дена видов дека се чувствувам здраво и имам многу повеќе енергија, потребата и желбата за месо исчезнаа! Веќе не пијам газирани пијалоци, а тестото го сведов на минимум. Понекогаш јадам тестенини или пита.

Престанав да јадам и слатки. Но, кога навистина сакам чоколадо, јадам две-три коцки“, искрено објасни Нина, чие мени сега, повеќе од кога било досега, вклучува здрава храна.

“Јадам зеленчук во неограничени количини. Салатите се задолжителни со секој оброк, бидејќи се одличен антиоксиданс. Јадам и овошје секој ден, но умерено, бидејќи има многу шеќер. Вклучив и пијалак од брокула, тиква и други зеленчуци во менито. Прија мене, бидејќи ме заситува, а не се чувствувам подуено“, истакна пејачката, а еве што јаде!

Појадок – овесна каша со црвено овошје

Ручек – грашок и салата

Вечера – напиток од брокула

Трик совет – Нема магично стапче, треба да ја поправите исхраната, да вежбате и да бидете упорни!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.