четврток, 12 ноември 2026
Најново

Телефонски разговор на претседателот Стево Пендаровски со претседателката на Грузија, Саломе Зурабишвили

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари телефонски разговор со претседателката на Грузија, Саломе Зурабишвили.

Во разговорот, соговорниците разменија мислења во врска со билатералните односи меѓу двете држави, актуелните состојби и предизвиците во регионите на Кавказот и Западниот Балкан, како и претстојните активности во рамки на претседавањето со ОБСЕ од страна на тројката, Шведска, Полска и Северна Македонија.

Во таа прилика, претседателот Пендаровски се осврна на приоритетите на претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година и ja поздрави идејата на претседателката на Грузија да се одржи конференција во Тбилиси со учество на жени лидерки во справување со конфликти, мирот и безбедноста, со поддршка на ОБСЕ.

Поврзани вести