Колку водата е од суштинско значење за различните телесни функции? Нејзиниот недостаток влијае на виталните органи.
Мозокот
Ако пиете доволно вода и помнењето ќе ви биде подобро, расположението стабилно и ќе имате добра концентрација. Со чаша вода полесно и побрзо ќе размислувате за проблемите. Истражувачите сметаат дека доволната количина на вода во организмот го намалува протокот на кислород во мозокот. Или едноставно, жедта не ви дозволува да се концентрирате.
Уста
Вода ги “подмачкува” устата и грлото и ја спречува сувоста на устата. Сува уста може да доведе до појава на лош здив и кариес.
Срцето
Дехидрацијата го намалува крвниот волумен. Срцето мора да работи напорно за да испумпа доволно крв за да се доведе доволно кислород во телесните клетки. Како резултат на тоа, редовните активности како што се одење или качување по скали се напорни.
Крвта
Телото се ослободува од топлината преку проширување на крвните садови кои се наоѓаат во близина на површината на кожата. Поради тоа лицето се вцрвенува кога вежбаме. Сепак, кога сте дехидрирани, на повисоки температури крвните садови се прошируваат и затоа и понатаму ви е жешко.
Кожа
Дехидрираните лица имаат помалку еластична кожа. Оваа состојба се разликува од сува кожа, што главно се должи на користењето сапун, врела вода и изложеност на сув воздух.
Бубрезите
На бубрезите им треба доволно вода да ги отстранат отпадните производи од крвта. Покрај тоа, многу вода ја спречува појавата на камења во уринарниот тракт. Ако сте премногу долго без вода, бубрезите може да не постигнат со својата работа и отровите ќе се акумулираат во телото.
Нозе и раце
Ако пиете доволно вода, водата во мускулните клетки ќе доведе доволно количество на хранливи материи и ќе ги отстрани отровите. Поради тоа мускулите работат подобро. Покрај тоа, вода е потребна за “подмачкување” на зглобовите. Сепак, мускулниот грч нема никаква врска со дехидрацијата, туку од заморот на мускулното ткиво.