Телото ќе ви биде благодарно доколку ја консумирате: Намирница која содржи повеќе витамин Ц дури и од лимонот

Телото ќе ви биде благодарно доколку ја консумирате: Намирница која содржи повеќе витамин Ц дури и од лимонот
Познато е дека лимонот изобилува со витамин Ц, но постои една намирница која е побогата со тој витамин и од самиот лимон.
Секако, тоа подразбира и дека поради тоа, но и поради други работи е многу здрава за нашиот организам.


Кивите се преполни со антиоксиданти
„Одличен извор на калиум, растителни влакна, витамин А и Е, поради што има мноштво од здравствени предности“, вели нутриционистката Наташа Џукиќ и објаснува зошто треба да ги консумираме кивите:
„Кивите се една од најздравите намирници, не содржат многу калории, а ова егзотично овошје изобилува со витамини и е одлично за чување на нашето здравје.
Кивите се овошје кое е преполно со антиоксиданти, а содржат повеќе витамин Ц отколку другите цитрусни овошја. Тие содржат и голема количина на растителни влакна, па поради тоа се препорачуваат како намирница за здрав појадок. Може да се комбинираат и со друго овошје, но и со јогурт, кефир, мусли итн.“.


Едно истражување покажало дека доколку јадете киви секое утро, тоа може да има дејство еднакво на аспиринот кој е познат по тоа што спречува настанување на згрутчување на крвта.
Поради големата количина на витамин Ц, кивите исто така ги намалуваат нервозата и напнатоста.
Исто така кивите се идеални за намалување на стресот, помагаат да се чувствуваме смирено и полесно да се соочуваме со проблемите дома или пак на работното место.
Совет: Не занемарувајте го консумирањето на кивите и посегнете по нив!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.