ТЕМПЕРАТУРЕН ШОК НИ ДОАЃА ОД УТРЕ – особено рекордот ќе биде срушен во вторник за време на неработниот ден во Македонија!

Времето утре ќе биде сончево и топло со слаб променлив ветер.
Максималната температура ќе достигне 31 степен.
Во недела времето ќе биде сончево и топло иако во некои делови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Максималната температура ќе достигне 33 степени, а слично време не очекува и во понеделник.
Во вторник не очекуваат рекордни 34 степени и многу сончево време.
Од УХМР издадоа и актуелно предупредување:
Во следните денови ќе биде топло со пораст на дневната температура, која на повеќе места ќе биде над просекот за овој период од годината. Од недела во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.