Поради воведување паралелка на албански наставен јазик во ноември лани, наставата во ООУ „Тодор Јанев“ во Чашка и понатаму се бојкотира и во второто полугодие, а вчера и денеска се зголемија и тензиите меѓу локалното население и полицијата, рече Цвета Пешовска од Советот на родители, кои наставата ја бојкотираат од 23 ноември лани.
- Тајната на прецизните напади од Јемен: Руските сателити им помогнаа на Хутите и милициите да ги нападнат СаудијцитеРуски шпионски сателити кружеле над саудискиот нафтовод и воздухопловна база со денови пред… Read more: Тајната на прецизните напади од Јемен: Руските сателити им помогнаа на Хутите и милициите да ги нападнат Саудијците
- Што се случува во телото по употреба на е-цигара?ЕЛЕКТРОНСКИТЕ ЦИГАРИ, познати и како вејпови, станаа многу популарни во последниве години. Многу… Read more: Што се случува во телото по употреба на е-цигара?
- Позната е причината за железничката несреќа во Шпанија: Контролниот центар го пуштил возот и покрај црвениот семафорШпанскиот министер за транспорт Оскар Пуенте изјави дека судирот на возови во близина… Read more: Позната е причината за железничката несреќа во Шпанија: Контролниот центар го пуштил возот и покрај црвениот семафор
- Ќе има решение за студентскиот оброк – Премиерот и министерката остварија средба со студентитеПонуда да добиваат ваучери што ќе можат да се користат исклучиво за купување… Read more: Ќе има решение за студентскиот оброк – Премиерот и министерката остварија средба со студентите
- Земјиште и пасишта на име на неговите родители во Тетово и стан во Турција – ова е богатството на министерот Седат СулејманиДржавната комисија за спречување на корупција ја објави имотната состојба на министерот за… Read more: Земјиште и пасишта на име на неговите родители во Тетово и стан во Турција – ова е богатството на министерот Седат Сулејмани
-Целта на в.д.директорката Елена Николова се оствари, со што полицијата се сврте против народот. Тоа се и случи вчера кога велешката полиција првпат крена рака и на народот во Чашка кој мирно ја бојкотираше наставата, а со цел полицијата да и овозможи влез во училиштето на в.д директорката и двајца – тројца нејзини пулени наставниици. Со тоа тензиите уште повеќе се зголемија. Денеска беше истата приказна како вчера, со тоа што в.д директорката не се појави, туку само два-тројца нејзини наставници пулени, што ги следат нејзините наредби, а додека останатите наставници мирно протестираат со нас. Тие нејзини наставници денеска со кордони помпезно сакаа да влезат во училиштето и тогаш се створија повторно тензии меѓу народот и полицијата, при што двајца-тројца наши жители беа нападнати од полицијата, појасни Пешовска.
Воедно информира дека во училиштето слободно секој ден па и вчера и денеска влегуваат децата од албанската паралелка во прво одделение, но настава нема. Во училиштето влегуваат и останатите 60- тина ученици со албанска националност од селата во општина Чашка, кои учат во заедничките паралелки со децата Македонци на настава на македонски јазик,н о поради тоа што нема настава тие само седат на клупите.
Пешовска најавува дека мирниот бојкот на настава продожуваи понатаму, се додека не се исполни нивното единствено барање за укинување на паралелка на албански наставен јазик а тие ученици од оваа паралелка да се вратат во паралелката на македонски наставен јазик со кои учеа од 1 септември.
Пронајдете не на следниве мрежи:



