ТЕНКОВИ И ХАУБИЦИ ОД ЈУЖНА КОРЕЈА ВО ПОЛСКА: Испорачана првата пратка оружје, Полјаците купуваат за 6 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ

Полскиот претседател Анджеј Дуда денеска ја прими првата испорака на тенкови и хаубици од Јужна Кореја, со акцент на брзото спроведување на договорот потпишан во летото.

Дуда и полскиот министер за одбрана Мариуш Блашчак пречекаа 10 тенкови „Црн Пантер К2“ и 24 хаубици „Тандер К9“ во Гдиња, на Балтичкото Море, како дел од договорот вреден 5,8 милијарди долари.

ТЕНКОВИ И ХАУБИЦИ ОД ЈУЖНА КОРЕЈА ВО ПОЛСКА: Испорачана првата пратка оружје, Полјаците купуваат за 6 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ

Според Дуда и Блашчак, Сеул брзо реагирал на потребата на Полска да го зголеми својот одбранбен потенцијал во околностите на рускиот напад врз соседна Украина.

Ова е иднината, вистинското зајакнување на безбедноста на Полска. „За да се запре агресијата и непријателот, неопходно е армијата да располага со современа опрема“, рече Дуда.

Новите испораки се планирани до 2025 година, пренесува АП.

Договорот предвидува и обука, логистика и муниција.

Полска купува за 3 милијарди долари од Јужна Кореја и борбени авиони ФА-50, како и лесни борбени и тренинг авиони.

Варшава сака и трансфер на технологија, за да може да започне сопствено производство.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.