четврток, 12 ноември 2026
Најново

„Тенк“ продолжува задутре

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Ново рочиште за случајот „Тенк“ што се однесува за набавката на луксузниот мерцедес од 600 илјади евра е закажано за 25 април, кога ќе се чита наодот од двајца вештаци, а ќе се продолжи и со други докази.

Судијката Добрила Кацарска рече дека двајцата сведоци Дејан Митревски – Урко и Зоран Василевски кои денеска не дојдоа во Судот може да ги повикаат на 25 април и доколку и тогаш не дојдат ќе бидат отповикани.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Денеска сведочеа осум сведоци предложени од одбраната, кои посочија дека набавката на новиот „мерцедес“ била неопходна, бидејќи старото возило често останувало во дефект и не било безбедно за превоз на „вип“ личности.

Попладнево сведочеа Боби Петковски, Сашо Митевски и Сашо Серафимовски, сите вработени во МВР. Посочија дека имале проблеми со старите блиндирани возила кои често имале дефекти, а за што постојано ги известувале надлежните.

Во „Тенк“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски. Пред две рочишта Судот донесе одлука да ја раздвои постапката за Јанкулоска поради „ризична бременост“

Поврзани вести