Тепачка во мексикански затвор, 13 мртви

Во тепачка меѓу две групи затвореници во еден мексикански затвор смртно страдале 13 лица, а биле повредени 65 затвореници.

Во соопштението од Обвинителството на мексиканската покраина Сани Луис Потоси пишува дека затворениците користеле ножеви кои сами ги изработиле и дека не станува збор за бунт против затворскиот персонал.
Гувернерот Фернандо Торанзо изјави дека во судирот смртно настрадале 13 затвореници, а 22 од повредените се во критична состојба.
Торандо рече дека е покрената истрага за тоа да се утврди дали затворската управа имала било каква улога во судирот.
Maкфакс
Во тепачка меѓу две групи затвореници во еден мексикански затвор смртно страдале 13 лица, а биле повредени 65 затвореници.

Пронајдете не на следниве мрежи: