ТЕСТЕНИНИ ВО ШОЛЈА: Брз и лесен ручек кој ќе стане ваш омилен оброк

Количината на состојки зависи од големината на садот кој го користите но и од личниот вкус, така да можете слободно да ги додавате сите работи кои ги сакате. Играјте си со рецептот додека не добиете совршен вкус по ваша желба.
Состојки:
Доматен сос
Моцарела
Босилек
Тестенини (најдобри се долгите пасти)
Рендан пармезан


Подготовка:
Малку згответе ги тестенините, но така да останат цврсти. Во поголем сад или кругла чинија отпорна на топлина, ставете две лажички од доматниот сос, додајте рендана моцарела, потоа босилек, повторно моцарела и повторно сос, а потоа наредете ги тестенините да стојат исправени. Преку нив повторно ставете сос.
На крај додајте го наренданиот пармезан и печете 15-20 минути на 20 степени.
Кога оброкот е подготвен, свртете ја чашата обратно, така да можете да ја пренесете содржината од садот на чинија без разложување. Пред да почнете да јадете, ќе бидете воодушевени од смесата на сосот, моцарела и паста.Совршено!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.