Тестенини со брокула и лимон идеални за топлите денови

Кога температурите се високи, сите сакаат да го сведат на минимум времето поминато пред шпоретот. Секоја идеја за брз и хранлив ручек е добредојдена, а еден од предлозите е тестенини со брокула што се подготвуваат за 15 минути.
Готови за 15 минути: Тестенини со брокула и лимон идеални за топлите денови
Потребни состојки (за 4 порции):
1/2 кг кратки тестенини по желба
2 лажици маслиново масло
1 лажица несолен путер
1/2 кг брокула, крупно исечкана
2 чешниња лук, ситно сечкани
рендана кора и сок од 1 лимон
120 мл слатка павлака
45 грама рендан пармезан
сол и црн пипер
65 гр борови ореви
3 лажици сечкан свеж босилек


Начин на подготовка:
1. Ставете ги тестенините во зовриена солена вода и варете ги според упатството на пакувањето.
2. Додека се варат тестенините, загрејте ги маслиновото масло и путерот во голема тава на средно-висока топлина. Додајте ја брокулата и пржете околу пет минути. Додајте ги лукот, кората од лимон и сокот и пржете околу една минута.
3. Додајте ја павлаката и оставете да зоврие на средна топлина. Додајте го пармезанот.
4. Исцедете ги тестенините и додајте ги во сосот. Зачинете со сол и црн пипер. Декорирајте со борови ореви и босилек.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.