Состојки за 4 порции:
0,5 кг тестенини по желба
2 лажици маслиново масло
1 лажица путер
0,5 кг брокула
2 чешниња лук
кора и сок од 1 лимон
140 мл павлака за готвење
50 грама пармезан
3 лажици свеж босилек
сол и бибер
тестенини со брокула
Подготовка:
1. Тестенините се ставаат во зовриена посолена вода и се варат неколку минути, додека не станат ал денте.
2. Во меѓувреме во тавата се додаваат маслиновото масло, путерот и сечканата брокула. По пет минути додадете го лукот, кората и сокот од лимон и пржете неколку минути.
3. Додадете ја павлаката и оставете да зоврие, па додадете го пармезанот.
4. Процедете ги тестенините и додадете го сосот. Зачинете по вкус. Украсете со босилек.