Состојки
400гр. тестенини по избор
1 главица кромид (средна големина)
2-3 чешниња лук
400 гр. свежи печурки по избор
50 гр. сув вргањ
2 коцки зеленчукова супа
3 лажици брашно
сол, бибер, лорберов лист, сув магдонос и кора од лимон на вкус
Ова беше тест рецепт, ама излезе многу вкусен и многу брз за подготовка.
1. Бујон… Во помало тенџере налијте 1л. вода и сварете две коцки зеленчукова посна супа или користете домашна бистра супа по Ваш вкус.
2. На страна, насечете го кромидот на тенки лентички и запржете на маслиново масло, колку да омекни, па додадете 2-3 полни лажици брашно… Мешајте брашното добро да се запржи и полека додавајте од бујонот. За да нема грутки мешајте со жица за матење.
3. Печурките исечете ги на помали парчиња и додадете ги во кашата, мешајте и оставете да „крчка“ на тивок оган околу 5-6 минути.
4. Додадете сол, бибер, ситно насечкан лук и нарендајте ја лимоновата кора… и готово сосот е подготвен.
5. Во тенџере со врела посолена вода сварете ги тестенините, јас користев интегрални и една минута пред крајот на варењето додадете ги кон сосот, измешајте добро за да примат од сосот. За побогат вкус можете да додадете и пола шоља од водата во која се вареа тестенините.