Тестенини со пилешко и тиквичка

500 г тестенини
250 г коцки варен пилешки стек
350 г тиквичка
200 мл пилешка супа од коцка
100 г крем сирење
1 главица кромид
3 чешниња лук
40 г рендан пармезан
½ лажица ориганомасло, сол и мелен црн пипер по вкус
Тестенините сварете ги во посолена вода и процедете ги.Во тава на оган испржете ги исечканиот кромид и лук. Додадете ги исцедените парчиња тиквичка и месото, и зачинете. Откако тиквичката малку ќе омекне додадете ги крем сирењето, супата од коцка, пармезанот, ориганото и исцедените тестенини. Промешајте и откако тестенините ќе го впијат вкусот на сосот сервирајте.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: