Потребни состојки: -околу 200 г шпагети или некои други тестенини -100 г сува сланина -30 г рендан кашкавал -2 јајца -2 чешни лук -1 лута пиперка (по желба) -2 лажици масл сол, зачини по желба
Начин на подготовка: Згответе ги тестенините во солена вода. Во мал сад изматете ги јајцата, посолете и зачинете, па додадете го ренданиот кашкавал. Во длабок сад на врело масло испржете ја ситно исечената сланина, кога ќе стане крцкава додадете го лукот, а по неколку минути и ситно исечено луто пиперче. Кога ќе се сварат тестенините исцедете ги и додадете ги во садот со сланина и лук, додадете малку сочувана вода во која се вареа тестенините и убаво измешајте. Во средина на тестенините направете малку место па таму сипете ги разматените јајца со кашкавал, па сето тоа добро измешајте го. Јадењето послужете го додека е топло.
Пронајдете не на следниве мрежи:
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.