недела, 29 ноември 2026
Најново

Тест од 10 секунди кој открива дали смеете да ја фарбате вашата коса

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Многу фактори влијаат на крајниот резултат на фарбањето на косата, но еден е клучен – косата мора да биде здрава за таа да изгледа добро.
Доколку ја фарбате косата во домашни услови, фризерите советуваат пред тоа да проверите во каква состојба е истата, со помош на овој едноставен тест.
1.Одвојте еден прамен од косата и измазнете го.
2.На праменот ставете неколку капки вода и набљудувајте колку време е потребно за тие да се впијат.
3.Доколку косата апсорбира вода за помалку од 10 секунди, тогаш кутикулата односно надворешниот слој на косата е премногу оштетен и косата нема правилно да се офарба.


4.Доколку на капките им се потребни повеќе од 10 секунди да се впијат, тогаш вашата коса е во добра “форма”.
Совет: На оштетување на кутикулите, покрај останатото, влијае и чешлањето на мокра коса, претераното третирање на косата со пегла, фигаро или фен, како и бланширањето. Поради сето наведено, косата ја губи својата влага и затоа пука.
За да ѝ го вратите стариот сјај и здравје, намалете ја нејзината изложеност на врел воздух. Не фенирајте ја веднаш по миењето бидејќи тогаш косата е исклучително “кревка”.

Поврзани вести