Тест од 2 прашања што ќе го промени вашето онлајн однесување

Живееме во период кога онлајн светот често е помоќен и поголем од реалниот свет. Се најавуваме на работа, во банка, во продавница, се забавуваме и се поврзуваме со луѓето ширум светот.
Но Интернетот е и непредвидливо место каде што анонимноста се злоупотребува. Постојат луѓе кои се „тролови“, кои малтретираат, кои објавуваат лажни вести или засрамувачки видеа кои можат да направат вистинска штета некому.
Ова го прави Интернетот ризично и небезбедно место, особено за деца кои се приклучуваат кон дигиталниот свет уште од многу рана возраст. Опасностите од онлајн светот станаа проблем и мораме да ги научиме помалите генерации да се справуваат со нив.
Блејк Флај одржал мотивационен говор пред мали деца и им покажал едноставен тест од 2 прашања кој ќе им помогне во онлајн светот:

1. Дали е вистина?
2. Дали е добро?
Ако не сте сигурни дали она што ќе го објавите е вистина, немојте да го објавувате. Ако е вистина, запрашајте се дали е добро или навредува некого. Ако е добро, објавете го. Иако овој совет е направен за деца, можат да го применат и возрасните. Ова се неколку причини зошто овие прашања можат да ви го променат животот.
1. Она што го правите онлајн има влијание на целите во реалниот живот
Вашето онлајн минато може многу лесно да ве прогонува. Замислете си дека сте напишале злобен коментар на нечија фотографија или видео. Години подоцна, долго откако сте заборавиле на коментарот, потенцијалниот работодавач го пребарува вашето име на Интернет. Кога тогаш, вашето име ќе се појави заедно со линк до вашиот коментар. Работодавачот сигурно нема да биде импресиониран и може да одлучи воопшто да не ве најми.
Ако знаете дека сте се однесувале лошо на Интернет, пребарајте го вашето име за да разгледате што ќе се појави. Избришете сè што може да има лошо влијание на вашата репутација.
2. Ако сте добри онлајн, ќе ви се промени животот
Знаете дека дигиталниот свет е тесно поврзан со реалноста, па добрината што ја покажувате онлајн ќе ви помогне да станете подобра личност. Ќе создадете можност да се поврзете со подобри луѓе, да споделите вредни искуства и да создадете безбедно место за децата. Бидете личноста којашто сакате сите кои се онлајн да бидат. Водете со пример и ќе привлечете следбеници кои ќе се инспирираат да го направат истото.
Без разлика што ќе одлучите да споделите со светот, не заборавајте дека тоа може или да ве повреди, или да ви ги зголеми шансите за достигнување на вашите цели. Покажете добрина кон онлајн заедницата, научете ги децата да го прават тоа и набљудувајте ги позитивните резултати.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.