Тече истрагата за нападот во Бостон, организаторите не се утврдени

Американското федерално истражно биро FBI го истражува инцидентот во Бостон како терористички напад, меѓутоа организаторите сé уште не се утврдени, изјави во вторникот американскиот претседател Барак Обама.„Сé уште не знаеме дали меѓународна или домашна терористичка организација го организираше или тоа е дело на свиреп поединец. Но ние секако ќе дознаеме кој стои зад нив и тие ќе се соочат со правдата“, се вели во изјавата на американскиот претседател Обама.
Обама претходно од собата за конференции на Белата куќа, ден откако во двете експлозии на целта на меѓународниот Бостонски маратон во интервал од 12 секунди во понеделникот загинаа три лица а 176 се ранети, ги повика Американците да бидат будни и да внимаваат на сомнителни активности.Американскиот претседател откако беше известен од директорот на истражното федерално биро FBI, Роберт Мулер, секретарка за национална безбедност, Џенет Наполитано, како и други соработници за националната безбедност, објави дека уште многу треба да се истражува околу најсвирепиот напад на територијата на САД по нападите до 11-ти септември 2001 година.Нема никакви назнаки за мотивите, ниту кој ги поставил и детонирал бомбите, рече Обама, осудувајќи го нападот како „гнасен и кукавички чин“.„Секогаш кога со бомби ќе се нападнат невини цивили, тоа претставува терористички акт“, дополни американскиот претседател во изјавата.„Ќе биде потребно време да се истражи секоја трага и да се утврди што се случило. Но ќе дознаеме. Ќе дознаеме кои ги повреди нашите граѓани и ќе ги приведеме пред правдата. Знаеме и дека американскиот народ го одбива тероризмот“.Во бостонските болници вкупно се згрижени 176 лица кои настрадаа во експлозиите, 17 од нив и натаму се во критична состојба, на многу морало да им бидат ампутирани нозете, коишто кај повеќето претрпеле најтешки повреди. Меѓу тројцата загинати е и осумгодишно момченце кое тргнало во прегратките на неговиот татко учесник во трката, а тешко без повредени и неговата мајка и сестра. Лагерите кои биле ставени во експлозивните направи од рачна изработка предизвикале многу тешки повреди, според бостонските лекари.„Теророт се врати“, пишува на насловната страница во вторникот дневниот весник USA Today.Повеќето американски мегалополиси, како Њујорк, Сан Франциско или Вашингтон, го подигнаа нивото на безбедносни мерки околу местата на кои се собираат луѓе во поголем број, а властите на сојузната држава Масачусетс од населението побарале да остане во домовите, но и на полицијата да и’ ја достават секоја информација за којашто сметаат дека би можела да помогне во истрагата којашто од „криминалистичка“ мина во „терористичка“.Овој, за жал, успешен бомбашки напад во Бостон во центарот на вниманието ја става тежината на ситуацијата со којашто постојано се соочуваат американските власти во секојдневните настојувања да ги спречат навремено сите можни напади, и покрај преголемиот безбедносен систем и некои закони со коишто се загрозуваат граѓанските слободи, е тека на константни расправи во американското општество.Поранешен експерт за контратероризам изјавил дека нападот во Бостон не носи потпис на синхронизиран бомбашки напад какви што организира меѓународната терористичка мрежа Ал Каеда.Доказите би можеле според некои аналитичари би можеле да укажат на некоја домашна група, но и Белата куќа и истражителите нагласуваат дека уште е прерано нападот да се поврзува со која и да е конкретен сторител.„Засега тоа делува загрижувачки. Не станува збор ни за воен, ниту за лично симболична цел, како што тоа беа Тајмс сквер или њујоршката подземна железница. Сторителот би можел да биде некој со ограничени врски во странство или целосно без нив“, оценува експертот за контратероризам кој зборувал за весникот под услов да остане анонимен.Иако безбедносните сили во неколку познати случаи успеале да спречат бомбашки напади во авиони или на американската територија, според оцената на The Washington Post, тоа било резултат не само на добриот систем на информирање, туку во голема мера и на чиста среќа, и укажува на фактот на кој предупредуваа експертите многу пати, односно дека САД нема да можат да ги спречат баш сите сериозни напади на својата територија.
МакфаксАмериканското федерално истражно биро FBI го истражува инцидентот во Бостон како терористички напад, меѓутоа организат

Пронајдете не на следниве мрежи: