Тешкиот живот и маката го пратат од мали нозе: Џеј често плачел по својата мајка, а оваа жена е заслужна поради тоа што станал голема ѕвезда

Животот на српскиот пејач чие семејство потекнува од Ресен речиси не бил ниту малку лесен, особено неговото рано детство.
Легендата која вчера почина како последица од срцев удар на свои 11 години завршил во еден детски поправен дом во Белград.
-Додека некогаш напишам книга ќе го опишам периодот во поправниот дом. Веќе знам дека таа книга ќе има 101 страница. Навечер кога ќе легнам низ главата ми поминуваат разни слики од минатото. Често го сонувам поправниот дом. За целото време кое го поминав таму, мајка ми ниту еднаш не ме посети, доаѓаше само мојот татко, велеше Џеј во една прилика.
Тој додава дека мајка му се грижела за неговите сестри, а татко му за него.


-Често плачам за тоа, во мојата група беа 12 проблематични деца. Повеќе пати сме иделе на разговори со психологот, тоа беше задолжително. Од цела група само четворица успеавме во животот, основавме семејство и започнавме да работиме. Останатите останаа да менуваат домови и којзнае како завршиле, додава пејачот.
Легендата раскажа во истата прилика и дека по излезот од домот го поправил односот со неговата мајка.
-Еден од најубавите моменти во животот ми беше првиот голем концерт во 1991 година, тогаш го добив најубавиот аплауз во животот, а посебно се наежив кога мојата мајка се качи на бината и ми подари букет, додава Рамадановски.
Инаку неговиот талент прва го препознава Марина Туцаковиќ која со нејзините текстови и стихови му го отвора патот до успехот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.