Тешко повреден кавадаречки мотоциклист

Во сообраќајна незгода која се случила кај Спомен-паркот „12 младинци“ во Моклиште кај Ваташа, Кавадаречко со тешки повреди се здобил 24 годишен мотоциклист од Кавадарци.
– Сообраќајната незгода се случила утринава во 1.30 часот на регионалниот пат Кавадарци – Мушов гроб, меѓу возило марка „киа“ со кавадаречки регистарски ознаки управувано од 24-годишен кавадарчанец и моторцикл „сузуки“ со кавадаречки ознаки управуван од 24-годишникот кој бил тешко повреден, потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес за МИА.
Мотоциклистот со тешки телесни повреди бил пренесен на комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, а на местото на несреќата бил извршен увид.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.