2 тиквички
1 филџанче(60мл) просо
10-тина шери домати
по желба сол, мешан сув зачин, копар
по потреба вода, масло
Најпрво просото убаво го миеме, неколку пати низ цедалка и го оставаме да се исуши. Во тава без масло го тостираме, колку да промириса, неколку минути, па налеваме зовриена вода околу 150 мл. Додаваме зачини, сол и оставаме околу 5-7 минути да се вари.
Тиквичките ги сечиме на половина по должина и со лажица ги длабиме го вадиме семето. Ги ставаме во тава. Посолуваме и ги попрскуваме со масло, па средината ја полниме со просо. Одозгора ставаме половинки шери домати или обични домати сечени на кругови. Може да ставите и оригано и копар. Налеваме околу 1 прст вода во тавата и ја ставаме во загреана рерна, да се пече околу 20 минути.
Забелешка – ако се помали тиквичките, може и да ви биде многу просо.
Совет – може да се додаде и сирење за збогатување на вкусот.