четврток, 12 ноември 2026
Најново

„Тико“ излета од пат, тешко повредени три лица

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Три лица се тешко повредени откако „тико“ се преврте од пат во Каменичко.

„Вчера во Полициското одделение Македонска Каменица било пријавено дека околу 13.00 часот во с.Моштица, општина Македонска Каменица, движејќи се по некатегоризиран пат, патничко возило „тико“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица, управувано од Т.С.(53) од с.Саса, излетало од патот. Притоа, со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатничките Е.С.(49) и Ј.С.(47) од с.Моштица, констатирани во Клиничка болница Штип“, информираат од МВР.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

За настанот бил запознаен јавен обвинител, а увид извршила екипа од СВР Штип.

Поврзани вести