Хвар секоја година привлекува внимание кај туристите, а цените таму годинава се навистина високи.
Просечно, хрватско четиричлено семејство тешко може да си дозволи излет во Хвар, а не па неколку денови одмор.
Тиктокерката Ниав се пожалила на цените во Хвар. Во последното видео кое го објавила на таа социјална мрежа раскажала дека пoследен пат на Хвар била пред четири години. Сега, кога повторно се вратила, таа се шокирала од цените.
„Лежалка 40 евра?“, се запрашала таа, пренесува загрепски „24сата“ и додава дека многумина во коментари ја поддржале и напишале дека цените летово се навистина превисоки. Сепак, имало и такви кои ја критикувале.
„Па, добро. Што очекува? Знае ли каде дошла? Во скап бар“, напишал некој човек.
Тиктокерката Ниав е од Калифорнија. Како што напишала во описот на својот профил, таа е вљубена во патувањата.
„Кога имав 18 години, отидов на своето прво соло патување ширум Европа и одлучив да се преселам во Лондон. Последните пет години живеам од туризмот ширум Лондон, Хрватска и Австралија“, напишала Ниав која во 2019 година започнала бизнис со дигитален маркетинг за да може да патува и да работи од секоја земја.
„Поради тоа што две години бев во „локдаун“ во Австралија, купив карта за Хрватска. Се заљубив во таа земја. Одлучив земјата да стане мој дом на подолго време“, заклучила таа.