Тирамису

4 јајца
2 големи пакувања пишкоти
500 г Маскарпоне сирење
250 мл слатка павлака
100 г шеќер во прав
250 мл еспресо кафе
30 г какао
Изматете ги јајцата со шеќерот во прав. Варете го кремот на пареа додека се згусне и изладете го. Додадете го Маскарпоне сирењето и измешајте.
Слатката павлака изматете ја со миксер за да добиете шлаг, а потоа и неа додадете ја во филот.
Пишкотите кратко потопувајте ги во кафето и редете ги во огноотпорен сад. Врз првиот ред пишкоти нанесете фил. Потоа наредете уште еден ред пишкоти, потопени во кафе и премачкајте со преостанатиот фил.
Наросете со какао, изладете во фрижидер и исечете на парчиња.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.