Тито строго им забрани на сите да ја свират оваа песна: Многумина кренаа раце поради неа, а потоа Јованка ги прекрши правилата (фото/видео)

Песната „Pluća su mi bolna“, напишана од Драгиша Недовиќ, е длабоко врежана во историјата на поранешна Југославија. Компонирана во 1950 година, оваа балада ја отсликува личната борба на авторот со туберкулозата .Проклетството на песнатаВо моментот на создавањето на песната, Недовиќ бил во исклучително тешка здравствена состојба, што се чувствува во секој збор од песната. Песната брзо се здоби со популарност, но со таа популарност дојде и мрачен аспект. Во периодот по објавувањето на записот е забележан голем пораст на бројот на самоубиства кај заболените од туберкулоза.Овој загрижувачки тренд го привлече вниманието на властите вклучително и Јосип Броз Тито и Централниот комитет, кои одлучија да ја забранат продажбата на плочи и изведбата на песната. Објаснувањето за оваа одлука беше дека песната сугерирала самоубиство.Забраната траеше десет години, додека песната неочекувано повторно беше изведена на една прослава. Песната ја нарача Јованка Броз, сопругата на Јосип Броз Тито, а легендарната Нада Мамула и ја отпеа. Овој момент го означи крајот на забраната и враќањето на песната во јавноста, пишува ,,Крстарица.”Текстот на песната одразува длабока тага и чувство на неизбежна пропаст:“Моите белите дробови се болни, немам повеќе здравје. Затоа што се многу блиску, моите последни денови. Ќе живеам денес, а можеби и утре. А потоа засекогаш, збогум на мојот живот. Не ми е жал за мојот мизерен живот Затоа што никогаш не сум почувствувал среќа.”

Песната „Pluća su mi bolna“ прв ја сними Заим Имамовиќ. Освен верзијата на Нада Мамула, позната е и интерпретацијата на Велибор Бора Спужиќ Квака. Оваа песна не е само обична песна – го опишува времето, општеството и човечките емоции кои се врежани во историјата, пишува Мондо.

Пронајдете не на следниве мрежи: