Тито, Хитлер, Сталин и Фројд живееле во центарот на Виена пред 100 години

Водачот на нацистите, Адолф Хитлер, лидерот на Советскиот Сојуз, Јосиф Сталин, рускиот болшевички комунистички лидер, Лав Троцки, претседателот на Социјалистичка Федеративна Република Југославија, Јосип Броз Тито и психоаналитичарот Зигмунд Фројд пред точно 100 години живееле во центарот на Виена, а сите тие се сметаат за луѓе кои ги диригирале случувањата во 20 век.Во јануари 1913 години од полски Краков со воз во Виена стигнал човек на кого во пасошот му било впишано името Ставрос Пападопулос. Имал темен тен, имал дебели мустаќи и носел скромен дрвен куфер.„Седев на маса кога вратата се отвори и внатре влезе непознат човек. Беше низок, тенок со сивкасто-кафеава кожа која му беше покриена со лузни од сипаници. Во неговите очи немаше ништо пријателско“ напишал човекот кој се сретнал со новодојденецот.Тој човек бил Лав Троцки, руски дисидент и уредник на „Правда“, а правото име на Пападопулос било Јосиф Висарјонович Џугашвили, тогаш познат како Коба, а историјата го памети како Сталин.Би Би Си наведува дека Троцки и Сталин биле меѓи многубројните личности кои во 1913 година живееле во центарот на Виена, а од кои ги обликувале случувањата во 20-от век. Меѓу нив сепак имало разлика, Троцки и Сталин се криеле, бидејќи биле во бегство, додека Зигмунд Фројд веќе бил познат во јавноста.Познатиот психоаналитичар живеел и работел на улицата Берггасе. Младиот Јосип Броз Тито подоцна познат како маршал Тито работел во „Дајмлер“, фабрика за автомобили во Винер Нојштат.Во близина бил и 24-годишник од северозападна Австрија чиј сон да се запише на Виенската академија за фина уметност и да стане сликар два пати завршиле со неуспех, па тогаш живеел во ефтин конак во Мелдерманштрасе, во близина на Дунав. Неговото име било Адолф Хитлер.
МакфаксВодачот на нацистите, Адолф Хитлер, лидерот на Советскиот Сојуз, Јосиф Сталин, рускиот болшевички комунистички лидер,

Пронајдете не на следниве мрежи: