Дали страдате од несоница и сте решиле да најдете решение? Дали знаевте дека постои растение кое се користи за ублажување на несоница и нервоза?
Валеријаната содржи различни киселини, есенцијални масла и други материи. Активните материи во растението делуваат смирувачки, пациентите кои земале екстракт од корените на ова растение полесно заспивале, поретко се буделе, а наутро по станувањето се чувствувале одморено и свежо.
Здравствени придобивки од валеријаната
Природна помош за несоница: Истражувањата покажаа дека ова растение ќе ви овозможи брзо да заспиете, па ако несоницата е ваш проблем, можеби сте нашле решение. За разлика од другите препарати, по употребата на валеријана, несаканите ефекти, како што е утринската исцрпеност, ќе отсуствуваат. Испитаниците во едно истражување изјавиле дека спијат совршено (44 отсто од нив), додека 89 отсто рекле дека спијат подобро.
Ја смирува нервозата: Валеријаната генерално има смирувачки ефект и е исклучително важен природен лек кој ќе помогне да се ослободите од стресот, тагата, стравот и анксиозноста. Со него постигнуваме внатрешна рамнотежа и на тој начин ги спречуваме болестите кои настануваат како последица на овие состојби.
Го намалува крвниот притисок: Знаеме дека валеријаната има релаксирачки ефект врз телото и духот, па не е изненадување што може да го намали крвниот притисок и на тој начин да го зачува здравјето на срцето. Смирувачките активни компоненти можат да влијаат и на регулирањето на крвниот притисок. Дефинитивно сакате да избегнете неконтролиран висок крвен притисок бидејќи го зголемува ризикот од сериозни здравствени проблеми, вклучувајќи срцев удар и мозочен удар.
Ги смирува менструалните грчеви: Релаксирачките својства на ова растение можеби се вистинскиот избор за ублажување на менструалните грчеви, кои се вообичаени кај жените. Се смета за природен седатив и спазмолитик, ќе спречи грчеви и ќе ги опушти мускулите.
Како се користи валеријаната?
Тоа е честа состојка во повеќето лекови за релаксација и може да се набави во форма на прав, чај или тинктура. За жал, има непријатен мирис, но вкусот не е толку лош. Според некои извештаи, резултатите се очигледни само по неколку недели од употребата на валеријаната. За несоница се препорачува да се консумира неколку часа пред спиење. Консултирајте се со професионалец пред употреба за да избегнете можни несакани ефекти.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.