Тоблероне со мед и сусам

50 г чоколадо
50 г шеќер во прав
65 г маргарин
5 лажици мед
100 г мелени бисквити
100 г сусам
50 г лешници
прелив
50 г чоколадо
1 лажица масло
1. Сусамот се потпекува без масло и се лади.
2. Лешниците исто така се потпекуваат, се лупат и се сечкаат.
3. Во тенџере се ставаат чоколадото, шеќерот во прав, маргаринот и медот. Се топат состојките додека се соединат, но не и да зовријат.
4. Тенџерето се трга од оган, и се додаваат мелените бисквити, потпечениот сусам и лешниците.
5. Се меша се заедно и додека е топла смесата се нанесува во калап во форма на триаголник, обложен со најлонска фолија, премачкана со масло.
6. Се остава да се излади на собна температура, а потоа се става во фрижидер да се стегне.
7. Се отстранува фолијата и се премачкува со чоколадото растопено со масло.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.