Петнаесет членови на екипажот на товарниот брод “Гранде Еуропа” кој пловел покрај Мајорка евакуираа шпанските спасувачки екипи, откако на бродот избувна пожар. Во акцијата за спасување учествуваат два хеликоптера и три брода.
Бродот пловел под италијанско знаме, а до сега се спасени 15 од вкупнио 25 члена на екипажот. Останатите десетмина не сакале да се спасат, затоа што помагале при гаснењето на пожарот.
Нема информации што го предизвикало пожарот и колкави се оштетувањата, ниту информации за повредени членови на екипажот.
Пронајдете не на следниве мрежи:


