четврток, 12 ноември 2026
Најново

Товарен воз кој сообраќал од Гевгелија за Солун излетал од шините кај Поликастро, линијата може да остане затворена два месеци

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Дел од втората локомотива на товарен воз што сообраќал од Гевгелија за Солун, синоќа делумно излетал од шините во близина на градот Поликастро во северна Грција, а според генералниот секретар на синдикатот на вработени во Организацијата на грчките железници (ОСЕ) поради нанесената штета на шините за околу две месеци ќе биде затворена рутата Скопје-Солун, јави дописничката на МИА од Атина.

Од грчката компанија „Hellenic train“ денеска кусо соопштија дека вчера во 21:25 часот во близина на Поликастро дошло до „делумно излетување од шините на задната оска на втората локомотива на товарниот воз 45201, кој сообраќаше на релација Гевгелија – Солун“ и додадоа дека не постоела никаква опасност за безбедноста на персоналот, а компанијата соработува со надлежните органи за да се истражат причините за излетувањето од шините.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Од друга страна, генерален секретар на Синдикатот на вработени во ОСЕ Никос Цикалакис за информативниот портал „Карфица“, објаснил дека екипи се на терен за да се процени ситуацијата и можно е да се затвори станицата кај Идомени за да се санира предизвиканата штета.

– Според првичните информации, штетата е над четири километри, па европската рута на земјава од Скопје ќе биде затворена два месеци, рекол Цикалакис и додал дека ќе постои само линијата од Бугарија и само оваа ќе се користи за меѓународен сообраќај.

Информацијата дека поради штетата на шините, меѓународната линија преку Скопје, се очекува да остане затворена околу два месеци ја пренесе и државната телевизија ЕРТ повикувајќи се на извори од ОСЕ.

Поврзани вести