Токио е градот со најмногу милионери

На прашањето во кој град на светот живеат најмногу милионери веројатно многумина би одговориле Њујорк, Лондон, Монако, но би се излажале, бидејќи тој примат го има Токио.Студијата на лондонската независна истражувачка компанија Wealth lnsight покажува дека  Токио е прв на листата на градови со најмногу жители чиј има, не сметајќи ја вредноста на куќите во кои живеат, надминува милион долари.Според студијата, која во вторникот ја пренесе американската телевизија CNBC, во Токио живеат 461.000 милионери. Следи Њујорк со 389.000, а потоа Лондон (281.000), Париз (219.000), Франкфурт (217.000), Пекинг (213.000), Осака (190.000), Хонг Конг (187.000), Шангај (165.000), Сингапур (157.000).Се поставува прашањето зошто Токио е водечки на листата, со оглед дека во САД живеат пет милиони милионери, а во јапонија над два милиони. Причината е во тоа што американските богаташи се раштркани во повеќе градови, додека јапонската популација е концентрирана во главниот град.Над една петина од јапонските милионери живеат во Токио, додека во Њујорк живеат само седум отсто од американските милионери.Wealth lnsight проценува и каде во иднина ќе живеат најмногу милионери. Јапонија моментно ја зазема втората позиција, но таквиот примат би можела да го загуби до 2020 година од Кина, а Пекинг би можел да го преземе приматот на Токио како град со најмногу милионери.
МакфаксНа прашањето во кој град на светот живеат најмногу милионери веројатно многумина би одговориле Њујорк, Лондон, Монако,

Пронајдете не на следниве мрежи: