ТОКСИЧНА ВРСКА? Ова се 4 знаци дека сигурно го „гушите“ партнерот!

Ова се знаците на кои треба да внимавате
Нема ништо лошо во тоа да поминете квалитетно време со саканата личност, но другата крајност е кога го „давите“ партнерот со своите постапки. Можеби поминувате низ фаза во врската во која верувате дека врската може да се подобри ако сте повеќе посветени на партнерот, но тоа нема да се случи ако тој се чувствува како да не може да дише.
Еве ги знаците на кои треба да внимавате:
Не сакате вашиот партнер да поминува време со други
Пријателите и семејството се важни луѓе во животот на секој од нас. Без разлика дали сте во брак или не, никогаш не треба да губите контакт со овие луѓе. Ако мислите дека вашиот партнер не треба да ги гледа пријателите и семејството, бидејќи вие ги исполнувате неговите, а тој вашите потреби, во голема заблуда сте. Вистината не може да биде подалеку од тоа.
Верувате дека партнерот ве надополнува
Можеби звучи романтично вие и вашиот партнер да се надополнувате, но таа идеја повлекува друга, а тоа е дека не сте комплетни без него/неа. Партнерот е тука за да биде ваша поддршка, најдобар пријател, љубовник, некој кој ќе застане покрај вас кога е најтешко, но не и некој што ја надополнува вашата личност. Овој став создава нездрава зависност.
Партнерот повеќе не ве слуша
Дали вашиот партнер има навика да „одлута“ додека зборувате? Иако има луѓе кои попрво би слушале отколку да зборуваат, сепак проверете колку често се случува на половина од разговорот да видите дека мислите на вашиот партнер повеќе не се тука. Премногу монолози за секоја ситница што ви се случува ги тераат повеќето луѓе да бегаат, барем во мислите, пишува „Vijesti.me“.
Проверување на телефонот
Сосема е легитимно да се воспостави политика на доверба во бракот што вклучува телефон без заклучување или заедничка лозинка. Меѓутоа, ако постојано го земате телефонот на вашиот партнер и ја прелистувате неговата е-пошта, гледате фотографии што ги има во галеријата или пораките кои ги разменува со други луѓе, ова не е прифатливо однесување. Тоа е опсесивно и многу тешко се контролира. Уште потешко е да се поднесе таквото однесување.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.