ТОНИ МИХАЈЛОВСКИ МУ СЕ ОБРАТИ НА ДОВЧЕРАШНИОТ КОЛЕГА ЉУТКОВ? „Ја умревте културата, за пуста функција и преку трупови ќе газите“

Познатиот македонски актер Тони Михајловски, видно изнервиран од тоа што вработените во култура немаат плата, без влакна на јазикот си го кажа своето мислење.
„Смешни, и расипани, сте како Нушич да ве составувал. Кога ќе се поткачите една скала над другите веднаш почнувате да се***е врз нив.
За пуста функција и преку трупови ќе газите. Заборавате кои сте биле и сите што ве знаат ги бришете од “живи” за да “умре” со нив и вашата вистина. Ама не умира пустата туку о.ц “како шило врти врти и ќе излезе на другата страна” з.ц. Авторот на цитатот добро познат на “војводите”. А еве ја вистината.
Ја умревте културата. Ја распнавте и заковавте клинци и ја оставивте да умре. Симболично или не баш пред Велигден. Знаете што следува, нели. Таа ќе “воскресне” и ќе ви покаже дека е поголема и побитна од сите вас во институциите оптан топтан.
Се гледаме на “барикадите” пошто на сцена не заслужувате да се гледаме, а реално и слабо одите у театар.
Вечерва имаме претстава. Онаа популарната. Онаа што “министерот” не ја гледал пошто била добра. Јаден он и јадна култура со се туризам.
Најверојатно ќе играме за да не ја изневериме публиката која платила карти а ние сеуште немаме плата.
И најверојатно заради среќните робови кои се најголеми непријатели на Слободата“, напиша тој на фејсбук.
The post ТОНИ МИХАЈЛОВСКИ МУ СЕ ОБРАТИ НА ДОВЧЕРАШНИОТ КОЛЕГА ЉУТКОВ? „Ја умревте културата, за пуста функција и преку трупови ќе газите“ appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: