Топло чоколадо со чили: Спој на слатко и луто

Замислете си чоколаден напиток со остар вкус на чили и арома на рум. Звучи добро, зарем не? За подготовка на овој неверојатен пијалак ќе ви бидат потребни само десетина минути, а со неговиот вкус ќе ги воодушевите сите.


Потребни состојки:
100 грама чоколадо
5 децилитри млеко
2 ванила стапчиња
2 лажици мед
10 грама мелено чили
2 грама сол
5 децилитри рум
Начин на подготовка:
Загрејте го млекото, додајте ги стапчињата ванила и оставете ги да седат 10 минути.
Процедете го млекото, додајте го чоколадото скршено на парчиња и 1,25 децилитри вода и повторно загрејте ја смесата со мешање.
Кога ќе се стопи чоколадото, додајте ги медот, солта, чилито и румот и добро измешајте.
Пијалакот се служи врел.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.